Костов: Немало физичка пресметка со доктори, ниту протест пред мојата канцеларија

Од:

Директорот на болницата „8 Септември”, Христијан Костов, вели дека вчера немало физички инцидент, туку вербален конфликт помеѓу докторите на Одделот за интензивна нега и роднини на починато лице. Тој демантираше натписи од страна на медиуми кои тврдеа дека имало протест пред неговата канцеларија во болницата.

„Пациентот е примен вчера во 14 часот. Од страна на дежурната екипа на болницата беше спроведена целата потребна дијагностика и третман на пациентот. Но, поради неговата лоша состојба, срцеви проблеми, хронични бубрежни проблеми, ноќта околу 23 часот починал“, информираше Костов.

Директорот на болницата потенцираше дека до вербалниот конфликт дошло откако фамилијата била известена за смртта на пациентот. Во тој момент, обезбедувањето повикало полиција.

„Немало физичка пресметка, само вербални моменти. Нема конкретни причини. Самата вест дека пациентот починал влијае на роднините и во тие први моменти, некои ја доживуваат агресивно, а други прибрано. Имаме конкретен записник од страна на полицијата, ако ве интересира во детали, обратете се во полицијата. Излезе во јавноста дека имало протести. Тоа го демантирам. Персоналот го повикав јас“, додаде Костов.

Болницата побарала да се изврши обдукција на телото, како што налага законот, но роднините самоиницијативно го зеле телото на починатиот.  Костов вели дека полицијата со судските органи ќе треба да одлучат дали обдукцијата ќе треба да биде извршена.

„Побарана е обдукција, но кога е присутна полицијата, тие со судските органи одлучуваат дали роднините можат да го земат телото. Тоа се законски нормативи. Се согласувам дека тоа што се случило е стресно. Тоа е дел од нашата докторска професија. Претпоставувам тоа го има секаде низ светот, меѓутоа Владата и Министерството за здравство имаа состаноци за да дојдат најбрзо до вистинското решение и овие повремени проблеми ќе бидат решени“, потенцираше директорот Костов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов