Костадиновски: Сè зависи каде се применува бадентерот

Од:

Бадентерот е многу корисен и здрав механизам за држава и општество како што е нашето, но само во политички орган како Собранието и секаде на друго место каде што ќе биде предвиден создава аномалии, смета претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и нагласува дека ако тоа се случи во орган како Уставниот суд „граѓаните во истиот момент може да заборават на правната држава и слободно да стават клуч и да ја затворат оваа институција“.

Костадиновски, одговарајќи на новинарски прашања за заложбите на ДУИ за Бадентер во Уставен суд, на денешната годишна прес-конференција, рече дека Уставниот суд не смее да се сведе во ситуација „не правни и уставни аргументи, туку етнички да бидат пресудни“.

-Во орган како Уставниот суд, што е контролор на Собранието кое треба да носи закони, вклучително и со Бадентерово мнозинство, да се сведе во ситуација не правни и уставни аргументи, туку етнички да бидат пресудни, нема потреба од постоење на таква институција. Подобро е клуч, државата ќе заштеди, не знам колку е нашиот буџет, меѓутоа граѓаните може да заборават на правна држават. Истото го мислам и за други органи, како Бадентер во Судски совет, кој не е политички орган. Тоа е мој личен став, изјави Костадиновски.

Во однос на тоа дека „во судот често се гласа етнички“, Костадиновски вели дека тоа повеќе зборува за судиите и дека во моментот кога судијата ќе ја облече тогата, нема разлики, ниту етнички, ниту социјални, верски или општествени.

-Замислете како судии ако ги внесеме во судница нашите разлики, по било кој основ, и ако тоа се пресудни аргументи за одлучување, тогаш ние не сме судии. Ние имаме една и единствена должност, и таа заклетва ја даваме во Собранието, дека ќе го штитиме и чуваме Уставот, и притоа посегнуваме само по уставно правни аргуменит. Толку, нагласи Костадиновски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

Дискриминација на пензионерите во странство – Законот за пензиите пред Уставен

Катерина Ѓуровски