Костадиновски: Масовна акција за спречување на болеста син јазик

Од:

Почна масовната акција за дезинсекција и дезинфекција во бачилата за да се спречи ширењето на болеста син јазик, изјави денеска заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски при посетата на штипскиот регион каде изврши увид како се спроведува сетот мерки кои ги донесе Владата за да се спречи ширењето на болеста син јазик.

Според Костадиновски, моментно во сите одгледувалишта во Македонија согласно Акцискиот план со име и презиме се определени точно кои лица од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и од Ветеринарниот инспекторат ќе бидат присутни на лице место.

– Ние се надеваме дека со примената на овие мерки како што имавме прилика да видиме од страна на ветеринарниот лекар од Ветеринарната станица-Штип веќе и ги спроведува. Будно ќе ја следиме состојбата, ќе бидеме присутни секаде. На крајот на месецот ќе имаме и генерална поточна слика за целосната состојба и за презементите мерки за да се спречи ширењето на болеста син јазик,  изјави Костадиновски.

На терен, додаде, се излезени 330 луѓе од Ветеринарниот инспекторат и од Агенцијата за поттикнување на земјоделството, кои ги посетуваат сите бачила каде што веќе се појавила оваа болест и веќе ги спроведуваат мерките.  Во тек е и акцијата за евидентирање на угинатиот добиток, а од утре стартува и новата мерка, односно премачкување на сите овци со реперенти, со што ќе се спречи ширењето на болеста преку комарците и инсектите.

Костадиновски потенцира дека за да се ублажат штетите кои ги трпат сточарите во земјава, Владата донесе одлука за ослободување на сточарите од загрозените подрачја од плаќање пашарина и исплатата на субвенции за угинатите овци од болеста син јазик.

– Каде што е фактички евидентирано, ние ќе овозможиме да се прифати како можен надомест и за тие животни, односно да ги подигнат субвенциите и за угинатите животни. Најбитно е да се спречи ширењето на болеста син јазик, денеска имаме високи температури, а  минатите два дена дожд и тоа се веќе поволни услови за развивање на болеста. Ние тука сакаме да превенираме и тоа да го спречиме, рече Костадиновски.

Во бачилото на сточарот Стојан Штерјов од селото Балталија  каде се угинати 50 овци од болеста син јазик, веќе е извршена дезинфекција и дезинсекција за да се спречи ширењето на болеста кај останатиот добиток..

– Од понеделник стартуваме со премачкување и нанесување на реперенти  на сите овци и секоја единка која ја има сопственикот ќе биде третирана, вели директорот на Ветеринарната станица во Штип Крсте Митев.

Најпогоден регион од болеста син јазик е источниот, од каде што почна и да се шири. Угинати се над 6.000 овци, а 30.000 се заболени од болеста син јазик. Сточарите треба да ги препознаваат симптомите и веднаш да ги алармираат ветеринарите и надлежните институции во земјава.

Би можело да ве интересира

Ветеринарната комора повторно со барање – да се намали ДДВ за ветеринарните услуги од 18 на пет отсто

Ана Ололовска

Сточарите се уште ги чекаат субвенциите, најавуваат блокади на патиштата

Ана Ололовска

Димовски: Фокусот е да се задржат пазарите на кои се пласира македонското јагне

Ана Ололовска

Сточниот пазар во Трубарево затворен овој вторник поради појава на болеста син јазик кај животните

Жарко Настоски

Светски ден на ветеринарната професија

А1он

Повторно одбиено барањето за намалување на ДДВ за ветеринарните услуги

Ана Ололовска