А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Едукативен час „Биди неговиот херој“ во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

by А1он15/02/2017 - 08:42283
Share0

Агенцијата за храна и ветеринарство под мотото „Биди неговиот херој“ денеска ќе го одржи првиот едукативен час со првоодделенците од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Агенцијата со тоа ќе ја почне реализацијата на втората фаза од регионалната кампања на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ за подигнување на јавната свест за одговорно сопствеништво, како еден од основите за контрола на бездомните кучиња.

Станува збор за кампања која заедно со соседните држави Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Хрватска и Црна Гора, Република Македонија ја почна во мај минатата година.

Претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство на децата ќе им објаснат како да бидат одговорни сопственици, да направат проценка дали се во можност да чуваат миленик, да се грижат за него, но и како безбедно да постапуваат со бездомните животни. Објаснети ќе бидат и основите на заштитата и благосостојбата на животните, а акцент ќе се стави на едукација за тоа како да се води сметка за сопственото и за здравјето на животните.

Следете a1on на Youtube YouTube

На децата ќе им бидат поделени едукативни боенки за одговорно сопствеништво, брошури, прашалници за потенцијалните одгледувачи на кучиња и постери.

aerodromveterinarstvo

Би можело да ве интересира

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:1618/05/2026 - 14:00

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Горан Наумовски11/05/2026 - 11:31

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски16/04/2026 - 14:2516/04/2026 - 14:26

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Горан Наумовски30/03/2026 - 13:27

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:13

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 13:0921/12/2025 - 19:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто