Костадиновска Стојчевска: ВМРО-ДПМНЕ лови во матно, не сум купувала куфери со службени пари

Од:

Додека народот чека ВМРО-ДПМНЕ да почне нешто да работи како власт и да ги исполни изборните ветувања, тие снимаат прес-конференции на кои со драматично изнесување на лаги сакаат да ја дефокусираат јавноста од нивните скандали кои ја тресат актуелната власт вели поранешната министерка за култура Бисра Костадиновска-Сојчевска по денешната објава од ВМРО-ДПМНЕ за нејзините трошења додека била на функцијата.

– За да ја сокријат неспособноста на нивната влада и досегашните злоупотреби на службената положба на нивните коалициски партнери, ВМРО-ДПМНЕ на многу низок начин, со фабрикување лаги се обидува преку поранешни функционери на СДСМ да избегне одговори и одговорност во своите редови. Доколку имаат било каква индиција за криминал односно криминално работење од моја страна во Министерството за култура ги охрабрувам да поведат постапка пред надлежните инстанци. Бидејќи нема, затоа ВМРО-ДПМНЕ се реши на прес конференции да лови во матно каде нема ниту едно прекршување на законите и со ширење на невистини. Објавувам еден од доказите дека не сум користела буџетски средства ниту службена картичка за купените куфери. Министерот Љутков и неговиот тим, близок до нивна поранешна министерка позната по купување на брендирани чевли, ташни и фустани, нека се занимаваат со македонската култура наместо да губат време на гуглање на продавници од каде сум купувала за правење драми пред јавноста, вели Костадиновска-Стојчевска во објава на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче