Костадиновска-Стојчевска: Сè ќе издржам, и да ме колнете и да ми пишувате дека ќе одам во затвор, ниту шетавме низ собрание ниту бевме таму за кафе

Од:

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска од СДСМ која денеска се појави на собраниска седница облечена во скафандер, бидејќи е позитивна на Ковид-19, а опозицијата најави дека за случајот ќе поднесе кривични пријави, вечерва се огласи преку статус на Фејсбук.

„Јас денес, по советување со инфектолог, одчучив дека треба да одам да гласам за да се ослободи петтиот пакет мерки од рацете на тие кои се корзираат до ск а не влегуваат на работа! И во овие 8 месеци како пратеник се прашував: како е можно ДОБРОВОЛНО да прифатиш да си народен пратеник а да не сакаш да функционира институцијата каде си избран од народот?!?? За кој?? За доброто на граѓаните!!! Како е можно да се блокира работата заради БОЛНИ пратеници?? Значи, не дека некој од хир не доаѓал, туку од болест!!! Апелирам- едноставно- да не се лажи безобразно!!! Ниту со колегата шетавме низ собрание ниту бевме таму за кафе! Во собрание се работи, не се оди за кафе и шетање! ГТЦ е во близина, кој сака да шета нека изволи! Да не ве лаже колегата Мицевски, не шетавме низ собрание а најмалку изложивме бекој колега од службите или колега пратеник! Без гајле, помина времето кога пратениците меѓу себе не си веруваа и си штетеа еден на друг!Упатете ги вашите отрови кај пратениците кои во еден месец се на работа не повеќе од 15 минути! Тие некако не ви сметаат дека ви ги јадат парите за Џ?!?!?“, пишува Костадиновска-Стојчевска.

Таа упати апел до сите „ботови партиски, следбеници, обожаватели, вљубеници, фанатици и слични својства на обожување кон ликот и делото на ВМРО ДПМНЕ, Левица, рекетари, “новинари”, “ лечени” новинари, луѓе кои дома немаат друга работа освен да колнат, псујат и да ми ја мешаат фамилијата, универзитетски професори од кои се очекува да се залагаат за вистината а не да бидат први кои ќе ги допотпалат огнот и разно разни “експерти” кои не го владеат MS Word: Не ме думајте дотолку, јас сум супер! До клетвата да напишевте со помин, можеби ама МОЖЕБИ ќе ви се поништеше клетвата… сега веќе доцна е…“

Пратеничката од СДСМ додава дека „ниту еден безобразен збор, клетва, и ‘добронамерна’ желба нема да ja поколеба да го работам она за што е избрана – помош за граѓаните“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

Вечерва продолжува собраниската расправа за именување на Славески за гувернер на Народна банка

Парламентот го донесе Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Парламентарното мнозинство можно е да се зголеми и да биде над 70 пратеници, вели Гаши

Валбона Адили Емини од ВРЕДИ нова пратеничка во Собранието по оставката на Салим Сулејмани

Договорот со Велика Британија пред пратениците

Катерина Ѓуровски