Костадинова: Мицевски нападна пратеничка, тој е дел од насилничката матрица на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не може да ја напушти режимската, насилничка матрица. Вчера во Собранието сведочевме на насилство, на физичко и вербално вознемирување врз колешка на нејзиното работно место. Јавно пред целата јавност, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски безобразно го повреди интимниот простор на пратеничката Даниела Марковска рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Марија Костадинова.

Таа вели дека Мицевски се дрзнал да замолчи пратеничка, да ја загрози нејзината слобода на говор во собраниската сала, во она што е храм на демократијата.

„Со своето однесување Мицевски потврди дека е дел од режимската насилничка матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е таа матрица која насилно исфрли новинари и пратеници од пленарната сала на црниот понеделник во 2012 година, истата матрица која стоеше зад насилниот упад на 27 април. Не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да напаѓа, вознемирува и навредува жени, не е прв пат оваа партија да ограничува слобода на говор. Насилството, шовинизмот, автократијата со години се обележја на оваа деструктивна и ненародна партија предводена од Христијан Мицкоски“ – вели Костадинова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?