Костадинов за упадот на МВР во магацинот: Волонтерите добиваа закани од полицајци, бараме одговорнст

Од:

Портпаролот на СДСМ, Констадин Костадинов соопшти дека волонтерите од невладината организација „Сите заедно можеме“ каде семејството Заеви донираше продукти, а во чиј магацин вчера упаднала полицијата, добивале закани од полицајци. Тој за ова обзнани попладнево, откако вчеравечер, полицијата со дежурен обвинител стопираше помошта да биде дистрибуирана до семејства на кои им е потребна.

„ВМРО-ДПМНЕ со полициски, режимски структури, синоќа до раните утрински часови вршеше притисок и закани врз млади волонтери и членови на граѓанска организација. Младите волонтери се држеа во полициска станица и добиваа закани од полициските службеници само поради тоа што некој добил партиска задача и му пречи солидарноста. Граѓаните уште еднаш можат да се потсетат на режимското ВМРО-МВРО“, рече Костадинов.

Според него, акцијата на полицијата покажува дека министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја злоупотребува функцијата во политички цели за ВМРО-ДПМНЕ. Костадинов бара одговорност за настанот.

„Скандалозното однесување на полицијата во Струмица, покажува дека Наќе Чулев ја злоупотребува функцијата во политички цели за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се истите манири кои 11 години беа практикувани од страна на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Бараме одговорност за овој скандал кој се случи во нашата Струмица, каде преку брутална злоупотреба на полицијата и државни институции, ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се обидоа да спречат хумана, солидарна акција за помош на нашите сограѓани“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Костадинов ги повика институциите да го истражат упадот во магацините каде се пакувале прехранбените продукти донирани од Заеви.

„Законите мора да важат за сите и оваа злоупотребена одговорност, мора да има правен епилог. Очекуваме МВР и сите надлежни институции да отворат истрага за овој скандал и да соопштат кој ќе понесе одговорност. Хуманоста и помагањето на граѓаните немаат никаква врска со политиката. Тоа се морални и човечки вредности. Ниту една злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ, не може и нема да ја спречи хуманоста. Тие со нивните полициски структури нема да ја спречат нашата струмичка македонска солидарност“, додаде тој.

Инаку, вчеравечер околу 11 часот во магацинот на невладиното здружение упаднала полицијата која најпрво ги попречила волонтерите во работата, за потоа, да им ги одземе дозволите за движење и да повика дежурен обвинител, кој пак, барал документи за потекло на продуктите. Волонтерите биле задржани во станица до 4 часот сабајле.

МВР и Обвинителството и натаму не дадоа одговори на прашањата од „А1он“ за тоа по чие барање и координација е спроведена акцијата, како и кои се сомневањата за упадот во магацинот во 11 часот вечерта. Оттаму досега нема одговор ниту зошто се барани испратници и фактури во доцните вечерни часови, а не почекале до изутрината.

Инаку, прехранбените пакети со храна од пратката што била пакувана биле наменети за граѓани од ранливи категории во општините Прилеп, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Дојран, Радовиш и Конче.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Растот на платите и намалената невработеност се показател за успешните економски политики на СДСМ

Костадинов: Одлуката на претседателот Бајден е силна порака, Охридскиот и Преспанскиот договор се државен интерес

Костадинов: Северна Македонија има разнишана опозиција

(ВИДЕО) Костадинов: Членка на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ вработена кај Иванов, а нејзината ќерка во Агенција за разузнавање

Сандра Бошковска

ВМРО-ДПМНЕ: Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта

ВИДЕО: Мајката на Костадинов се повлекува од работното место

Сандра Бошковска