(ВИДЕО) Костадинов: Хидроцентралите на Мицкоски се предмет за ДКСК, ВМРО ДПМНЕ да повика на одговорност во своите редови

Од:

Во своето обраќање на денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија, пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов истакна дека иако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ цело зборуваат за Законот за спречување на корупцијата и Државната комисија за спречување на корупцијата, од друга страна опозициската партија и нивниот претседател Христијан Мицкоски не реагираат на препораките на ДКСК.

– Ја користам оваа прилика да ја повикам Антикорупциска да отвори уште еден предмет. Да испита како е донесена одлука на Советот на Општина Пехчево за формирање на викенд зона, за ЕВН да може да пушти дитрибутивна мрежа од 30 милиони денари, со крајна цел Мицкоски да ги заокружи потребните средства за да може да му проработи бизнисот со хидроцентралите. Ако ДКСК потврди дека тоа се случило, тогаш ќе треба одговорност и се надевам дека и вие ќе ја поддржите антикорупциска комсија, како тело за кое и вие сте гласале, порача Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата