Косовскиот заменик-министер за враќање и за заедници во посета на Куманово

Од:

Во протоколарна постета на општина Куманово, денеска престојуваше заменик-министерот во Министерството за враќање и за заедници од Косово, Јолџи Шаља.

На средбата во Куманово освен претставници на локалната самоуправа престојуваат и преставници од ромските невладини и граѓанските организации од подрачјето на Куманово.

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека го запознал Шаља со етничките права на Ромите, достигнувањата во изминатиот период, меѓу кои и службената употреба на ромскиот јазик, со бројната состојба на вработените Роми во општинската администрација. Дамјановски го информирал и за достигнувањата во однос на имплементација на обврските од Декадата на Ромите на подрачје на Куманово.

На средбата станало збор и тековни проекти меѓу кои и регулација на речно корито, регулација во населбата Средорек, со што, рече, се создаваат реални услови за живеење и легализација на дивоизградените објекти, за дневниот центар во училиштето „11 Окотмври“.

– Главната тема за која денеска зборувавме е реадмисија на Ромите кои во бегласката криза во воените дејствија во Јужна Србија и Косово 1999 – 2000, кога имавме масовен егзодус на луѓе и имаше голем број Роми кои беа иселени, еден дел се вратени, но има и други кои останале, сега се прави една заложба под покровителство на европската заедница за враќање на тие луѓе и овозможување на услови за нивното ресоцијализирање во Косово, тоа беше главната тема за кој денеска зборувавме, изјави Дамјановски.

Заменик министерот Шаља рече дека се информирал за позитивната состојба на ромската етничка заедница и оти се надева на воспоставување дополнителни состаноци на ниво на Косово и Македонија поврзани со ромската заедница.

– Ние мора да и се заблагодариме на Република Македонија дека од 1999 година, голем број Роми од Косово живееа во Македонија. Сега состојбата во Косово е променета, повеќе од тие луѓе кои живееа во кампови се вратија во своите домови, нашето Министерство за враќање и заедници направи повеќе работи со европските организациии за да ги врати луѓето кои излегоа од Косово, изјави Шаља.

Оваа средба ,рече, има за цел да се иднетификуваат луѓето кои би сакале да се вратат на Косово. Средбата,се одржува по иницијатива на советникот Самет Салиевски.

Би можело да ве интересира

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Катерина Ѓуровски