Косовскиот амбасадор во земјава не го прифаќа разрешувањето од претседателката Османи

Од:

Амбасадорот на Косово во земјава, Ѓерѓ Дедај, одбива да ја испочитува одлуката за разрешување, и покрај указот од косовската претседателка Вјоса Османи.

Дедај на Фејсбук профилот напиша дека Уставот и законите на Косово не треба да се кршат или персонализираат.

„Уставот и законите на Косово се Библија и Куран на косовското општество, пред кои сите сме немоќни“ – вели во објавата Дедај кој беше поставен во 2018 година од поранешниот претседател на Косово, Хашим Тач.

Претходно, Дедај го предупреди идниот амбасадор дека физички ќе ја брани својата позиција, не прифаќајќи го указот на претседателката на Косово.

Функцијата вршител на должноста амбасадор во Скопје треба да ја извршува Приндон Садриу, сопруг на претседателката на Косово, кој досега беше советник во амбасадата.

Претседателката Османи, на предлог на Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, донесе одлука за разрешување на Дедај и на уште 11 други амбасадори поради тоа што биле политички именувани.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски