Косана Мазнева: Спиете ли мирно Ристовски и Камиловски

Од:

Поранешната пратеничка ма ВМРО-ДПМНЕ во два мандати, Косана Мазнева после точно 10 години повторно потсетува на неправдата која и се случи и големата семејна несреќа за што бара одговорност за направената грешка.

„На 26.07.2009 во 22:15 згасна животот на мојот сопруг Благојче Мазнев, татко на моите две ќерки Ана и Михаела. Денес е 26.07.2019, 22:15. И после точно 10 години од неговата смрт по кристално јасен случај на лекарска грешка, корумпираното здравство, во спрега со корумпираното тогашно и сегашно судство се уште молчи.“, напиша Мазнева Косана на својот „Фејсбук“ профил.

„Спиете ли мирно др. Слободан Ристовски и др. Виктор Камиловски?Спиете ли мирно „часни“ суде?
„Јас и моите деца НЕ! За Вас знам, Ве заболе за сите човечки судбини! Како мојот, така и сите останати случаи ќе бдеат над сите Вас, уште долги, долги годинии. Ова не се заборава. Почивај во мир Баже.“, напиша Мазнева.

Би можело да ве интересира

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи