Косана Мазнева: „Комунална хигиена“ успешно се справи со блокадите на мафијашките структури

Од:

Јавното претпријатие е во целосна кондиција, Јавното обвинителство и МВР постапуваат по документацијата доставена од менаџментот, а „Комунална хигиена“ успешно се справи со блокадит на мафијашките структури, смета директорката Косана Мазнева.

– Се справивме успешно со структурите кои не дозволуваа ниту еден работник да ја извршува својата задача. Веќе неколку дена помала група на вработени повеќе од 15 години ја држат трета смена на претпријатието спротивно на законите и колективниот договор, а поголем дел од нив не се појавуваат на работа и го блокираат редовното работење. Истите не дозволија да се исчисти сметот на територијата на Град Скопје – рече Мазнева.

Иако навремено биле известени надлежните институции за блокадата од нив, на мафијашките стурктури им било дозволено да продолжат со блокадите, смета таа.

– Ниту јас ниту Арсовска нема да дозволиме да продолжи самоволието на одредена група. КХС ќе продолжи со редовните работни обврски, секој мора да биде на ниво на хигиената. После еден часот по полноќ екипите се пуштени на терен и ве уверувам дека нема да има смет во ниту една населба, ќе работиме без застој. Заврши работата со мафијашките структури. Мојата работа како директор на КХС е да раководам со претпријатието. МВР и ЈО се известени за тие лица за кои имаме сомневања и имаме документи за нив кои можат да помогнат, се доставени до нив – истакна директорката Мазнева.

Додаде дека претпријатието е во целосна кондиција и не постои страв дека може да пропадне.

– Морам да кажам дека ХКС од 2007 година нема добиено регрес на плата, а сега за првпат исплативме К-15, а вработените добија и лична заштитна опрема. Што се однесува до усогласувањерто на минималната плата, и тој проблем е решен – изјави Мазнева.

Би можело да ве интересира

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

Орце Костов

Арсовска го казни со 90.000 евра градоначалникот на Кисела Вода за исфрлањето на сметот пред портите на „Дрисла“

Орце Костов

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Арсовска: Живееле во Германија, а земале тука плата, Косана им се спротивстави на мафијашите затоа што нема маж да ги сопре

Орце Костов

Скопје се враќа во нормала: „Комунална хигиена“ ги празни контејнерите

Орце Костов

Вработен во „Комунална хигиена“ добил ќотек од колегите бидејќи излегол да работи наместо да протестира

Орце Костов