Коронавирусот ја наполни струмичката болница, директорот бара дополнителен персонал

Од:

Зголемениот број заразени од Ковид-19 целосно ги исполни сместувачките капацитети во струмичката болница, дури и тие кои беа дополнително отворени, информира директорот д-р Наќе Гогов.

Покрај Инфективното одделение, кое е веќе полно и таму се лекуваат 15 пациенти со полесна клиничка слика, пополнет и дополнителниот од 13 кревети кој беше отворен во поранашените хируршки амбуланти.

-Планираме да ги прошириме капацитетите со поставување на уште шест-седум кревети во другите амбуланти, кои се веднаш до хируршките. Но, засега најголем проблем ни е персоналот и тоа како лекари, така и сестри. Ги немаме доволно за да ја покриваат работата во овој оддел на Инфективното одделение, вели директорот Гогов.

Тој вчера побарал помош од заменик-министерот за здравство за обезбедување персонал за да се пополнат празните места за да може да се лекуваат ковид-пациентите.

-Со постојниот персонал повеќе не можеме и неиздржливо е да се постигне потребниот обем на работа. Веќе од среда очекувам да ни биде испратен дополнителен персонал за да може да се покрие и новиот простор што треба да се отвори за сместување на пациенти, додаде директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.

Инаку, проблемот добива уште повеќе на тежина, бидејќи двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од струмичката болница се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски