Коронавирус и кај нас ќе се лекува со крвна плазма од закрепнати пациенти, изготвен протоколот

Од:

Изготвен е протоколот за лекување заболени од коронавирус со крвна плазма од излекувани пациенти, извести денес министерот за здравство Венко Филипче. Кон лекувањето на овој начин министерот вели дека пристапуваат многу внимателно.

„За лекувањето со крвна плазма специјалистите од Институтот за трансфузиона медицина го изготвија протоколот. Тој треба да ги помине и официјалните процедури во Агенцијата за лекови. Тоа е процес на лекување кој што не е индициран кај секого. Нема сериозни податоци освен публикации дека може да се користи во дадени, многу конкретни случаи. Кон ова прашање пристапуваме многу внимателно“, рече министерот Филипче.

Агенцијата Анадолија денес јави дека Универзитет во источна Турција почнал да користи крвна плазма за пасивно да ги имунизира пациентите заразени со коронавирус.

Се зема плазма од пациент кој закрепнува од коронавирус, кој е негативен на вирусот.

„ Првпат во Турција, Медицинскиот центар ’Тургут Озал’ зеде плазма од излечен пациент со Ковид-19, користејќи метод наречен плазмафереза и го примени на друг пациент, кој е во многу сериозна состојба во одделот за интензивна нега“, рече ректорот на Универзитетот, Ахмет Кизлај.

Целта, според Кизлај, е пациентот во одделот за интензивна нега да прима антитела од закрепнатиот пациент.

Овој метод претходно се користел за лекување на САРС (тежок акутен респираторен синдром, исто така предизвикан од коронавирус) и ебола.

Би можело да ве интересира

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси