А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Координативен состанок за миграцијата, планови и начини за справување

by А1он08/10/2015 - 10:47111
Share0

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими одржал координативен состанок со претставници на ЕУ, повеќе земји и организации донатори во Република Македонија, на која се разговарало за миграцијата и планови и начини за справување со предизвиците од актуелната ситуација во земјата, регионот и Европската Унија, соопшти денеска Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

Следете a1on на Instagram Instagram

На состанокот, на кој учествувал и министерот за внатрешни работи Митко Чавков, се наведува во соопштението, биле презентирани плановите на Владата на Република Македонија за справување со бранот мигранти од земјите на Блискиот исток и Африка. Притоа, биле изложени и конкретни проценки на потребите, од кои дел веќе се обезбедуваат од сопствени извори и ресурси на земјата, како и преку поддршка од неколку меѓународни организации, активни во оваа област.

Од страна на присутните претставници на ЕУ, земји донатори и меѓународни организации, била поздравена иницијативата за одржување ваква средба, особено што се одржува во пресрет на министерскиот состанок на ЕУ во Луксембург, на кој се разгледуваат конкретни планови на Унијата за справување со ситуацијата.

Како што стои во соопштението, било договорено состанокот да прерасне во редовна месечна форма на координација на Владата и донаторската заедница на тема миграција, за што веќе се утврдени и конкретни чекори и механизими на соработка.

Следете a1on на Youtube YouTube
migranti

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он25/09/2026 - 20:19

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ18/09/2026 - 15:1218/09/2026 - 15:13

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:39

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Горан Наумовски06/09/2026 - 16:27

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:30

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео