Координативен состанок на Заев со лидерите на коалициските партнери

Од:

Координативен состанок се одржува попладнево во Владата меѓу премиерот во оставка Зоран Заев и лидерите на партиите, кои се дел од владејачката коалиција.

На состанокот со Заев ќе присуствуваат претседателите или потпретседателите на партиите од актуелното собраниско мнозинство. Станува збор за првични разговори за нов премиер и состав на нова Влада, откако вчера Заев по поразот на локалните избори поднесе оставка од челната функција во Владата, но и од лидерската позиција во владејачката СДСМ.

На состанокот ќе се разговара и за можниот распоред за собраниска седница за оставката на премиерот и изборот на нова влада.

По вчерашната оставка на премиерот Заев, според Уставот на Република Македонија, сега цела Влада е во оставка сѐ до изборот на нова.

– Ја преземам одговорноста за лошите резултати од овие избори, изјави вчера Заев, честитајќи им на политичките опоненти на изборната победа.

Тој сепак нагласи дека останува на ставот дека не треба да има предвремени парламентарни избори, бидејќи, како што рече, претстојат две и пол одлични и неповторливи години за државата од кои корист ќе има целиот народ и држава.

– Ќе останам периодов додека треба, за да помогнам, да се реорганизира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено, рече вчера Заев.

Коалицијата „Можеме“ која е предводена од СДСМ, е сочинета и од Беса, НСДП, ЛДП, ДОМ, Демократски сојуз, ВМРО-НП, Партија на пензионери, Српска странка во Македонија, Партија за движење на Турците и Демократска партија на Турците. Заедно со ДУИ и ДПА коалицијата има 62 пратеника и мнозинство во Собранието. СДСМ има 30 пратеници, Беса четири, НСДП и ЛДП по два, по еден пратеник имаат ДОМ, Демократски сојуз, ВМРО-НП, Партија на пензионери, Српска странка во Македонија, Партија за движење на Турците, Демократска партија на Турците и еден независен пратеник. ДУИ има 15, а ДПА еден пратеник.

Пратеникот од ДУИ Арбер Адеми вчера во изјава за Сител оставката на Заев ја оцени како избрзана, нагласувајќи дека изборите биле локални, за локални теми, а не за националните политики.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски