Консултативна работилница за децата со попреченост

Од:

Потреба од поголема инклузија, достоинство и рамноправност се дел од препораките на денешната консултативна работилница за децата со попреченост, во организација на УНИЦЕФ.

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми во своето обраќање на работилницата рече дека децата со попреченост се уште се соочуваат со општествените предизвици и дека е потребно преземање на конкретни чекори на институциите во насока за целосно елиминирање на тие предизвици.

– Заедно целиме кон креирање на систем кој ќе им овозможи на граѓаните еднакви можности во остварувањето на своите права и слободи што во практика подразбира носење и ревидирање на низа законски и други мерки од областа на здравството, социјалната заштита, образованието, науката, спортот и вработувањето, истакна Адеми и додаде дека Македонија има поставено добра системска основа.

Потпишувањето и ратификацијата на Конвенцијата за  правата на лицата со попреченост, потенцира министерот, е дополнителен акцелератор за спроведувањето и развојот на процесите за целосна интеграција и инклузија на лицата со попреченост.

Според советничката во Министерството за труд и сицијална политика Ѓултен Мустафова, постоењето пречки во развојот на детето претставува комплексен предизвик кој мора да се набљудува од повеќе аспекти меѓу кој се медицински, социјален и економски.

– Одговорот на институциите на овој предизвик е комплексен бидејќи последиците се одразуваат на личноста, семејството и пошироко. Примарна цел ни е рана идентификација на децата со попреченост, но и обезбедување на нивната благосостојба и промовирање на нивниот развој. Ова е важно бидејќи раната идентификација овозможува рана интервенција со која што може да се спречи второстепена попреченост и да се промовира здравиот развој, рече Мустафова.

За директорката на здравствениот дом Скопје Татјана Баевска Вучковиќ здравствениот систем претставува еден од клучните сегменти преку кои патронажните сестри и матичните лекари овозможуваат поголем пристап до основна здравствена заштита.

Заменик претставникот на УНИЦЕФ Ража Мсефер Берада во своето обраќање рече дека децата со попреченост се една од најмаргинализираните и исклучени групи на деца во светот.

– Нивните права честопати се прекршувани, а тие се најчесто засегнати со домашна социјализација и слаб пристап, услуги и поддршка. Во Македонија и покрај тоа што е направен одреден прогрес шансите за учество во социјалниот живот се уште се слаби за децата со посебни потреби, истакна Берада.

Додеде дека помалку од еден процент од децата посетуваат предучилишна установа, а 64 отсто од нив немаат можност да живеат во семејство и живеат во институции.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов