Конструкција за покрив се мести за урнaтото кафуле пред „Мавровка“, Алити нема да тужи за уривањето

Од:

За уриваното кафуле пред „Мавровка“ се местат метални столбови за покривна конструкција. По неколкумина работници речиси секојдневно се на градилиштето. Сопственикот Мевљудин Алити за „А1он“ вели дека се откажал од најавите да тужи, оти го уривале и покрај тоа што ги имал сите потребни дозволи, а за поднесеното обвинение против него вели дека ќе чека судот да реши.

„Точно е дека ми е нанесена голема штета со уривањето, но јас нема да тужам. Постапката што е поведена против мене во судот ја водат моите адвокати, судот нека одлучи кој бил во право. Ние го подготвуваме објектот за повторно да почнеме да работиме“, кусо изјави сопственикот Алити за „А1он“.

Неговите адвокати, веднаш по почетокот на уривањето, лани во септември, најавија дека ако треба правдата ќе ја бараат во Стразбур и детално објаснуваа дека Алити имал дозволи за градбата.

По неколкумина работници речиси секојдневно се на градилиштето

И покрај нивните тврдења, објектот, кој беше изграден до втора плоча, беше урнат оти Алити излегол од дозволениот габарит и место со метална конструкција, градел со бетонски столбови.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, откако повторно почна да се гради урнатото кафуле, рече дека ја следат градбата и доколку утврдат дека повторно се излегува од габаритот или се гради нешто што не е дозволено, подготвени се повторно да уриваат.

„Ако не покаже ист објект како оној пред пожарот, нема да пуштиме ни квадратен метар да работи во тој објект“, рече градоначалникот Ганиу пред две недели.

Градоначалникот на Чаир ја следи градбата и најави дека нема да дозволи ниту еден квадратен метар да работи од објектот доколку не е ист како пред пожарот

Минатата недела, пак, Обвинителството по петмесечна истрага поднесе обвинителен акт против сопственикот Алити за бесправно градење.

„Обвинетиот М.А. во текот на јуни и јули 2020 година, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 квадратни метри на платото пред трговскиот центар ‘Мавровка’ , а притоа немал одобрение за градба издадено од надлежен орган“, извести Обвинителството.

На Алити му беа изречени мерки за претпазливост со кои привремено му беа одземени патните исправи и доби забрана за издавње нови, а Обвинителството предложи овие мерки да се продолжат за да се обезбеди неговото присуство за време на постапката.

„Македонијапат“ лани во септември го урна објектот оти излегува од дозволениот габарит и место со метална конструкција се гради со бетон

Уривањето на дивоградбата пред „Мавровка“ беше првиот чекор на новата Влада по ланските избори. Со одлука на Владата објектот го урна Јавното претпријатие „Македонијапат“ откако претходните неколку месеци никој не се јавуваше на тендерите за избор на фирма за уривање кои ги распишуваше Општина Чаир, а додека траеше административната процедура, Алити градеше оти стариот објект целосно изгоре во пожар на крајот на април.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: ЈО да реагира за дивоградбата на „Пластичарска“, на народот му е преку глава од криминал и од изигрување на законите

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина пешак во Бутел – несреќата снимена, автомобил мина на црвено, удри друга кола и ја исфрли на тротоарот

А1он

Дива населба во долината на Бабуна : Гето од дивоградби кое ниту може да се урне, ниту може да се легализира

Орце Костов

Кривична пријава за бесправно градење во Центар Жупа

А1он

Кривична пријава за дебарчанец кој на парцела на МПЦ изградил дивоградба

А1он

Татко и ќерка од Косово граделе осум дивоградби во Маврово

А1он