Конституиран новиот Совет на Општина Гевгелија

Од:

По конечноста на изборниот циклус, денеска во салата на Општина Гевгелија се одржа првата конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Гевгелија, кој брои 19 лица.
Седницата ја закажа претседателот на стариот состав Александар Тодов, а со неа раководеше најстариот избран член на новиот Совет, д-р Петар Апостолов.

На седницата беше верификуван мандатот на новите членови, сите 19-мина дадоа и потпишаа свечена изјава, а се пристапи и кон избор на претседател на Советот на Општината.

Изненадување беше што за првпат носителот на листата од мнозинската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Томе Ќичуков, не го доби мандатот за оваа функција, која требаше да му припадне по редот на нештата во партиското работење. На предлог на претседателот на Социјалистичката партија, Ристо Камов, инаку член на Советот, чија партија е партиципиент во заедничката листа на коалицијата „За подобра Македонија“, со мнозинство гласови од 11 советници, за носител на функцијата претседател на општинскиот Совет беше избран Драги Хаџи-Николов, ликовен уметник од Гевгелија.

Ваквото решение, вториот по ред од изборната советничка листа да го претекне во преземањето на функцијата претседател на Советот познатиот гевгелиски бизнисмен и сопственик на повеќе преработувачки капацитети, Томе Ќичуков, од страна на уметникот Хаџи-Николов, познавачите на политичкиот амбиент во Гевгелија го препознаваат како инсталирање на продолжена рака на влијание над Советот од страна на претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Гевгелија.

Хаџи-Николов не е миленик на градоначалникот Франгов. Тој за време на неговиот прв мандат го разреши од функцијата директор на Градската библиотека „Гоце Делчев“, бидејќи не постапувал по негови барања за кадровски решенија. По две недели експресно беше вратен на старата функција со интервенција на челникот на партискиот Општински комитет за Гевгелија.

Во општинскиот Совет учествуваат и осум членови од листата на СДСМ и коалицијата „Сојуз за иднината“, кои гласаа против предлогот за избор на претседател на општинскиот Совет.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ