Констатирана оставката на Рибарев, судијата се враќа назад во Врховен

Од:

На денешната седница на Судскиот совет беше констатирана оставката на Стојанче Рибарев кој ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Кривичен суд.

Рибарев последните неколку денови не се појавувал на работа во Кривичниот суд бидејќи заминал на боледување. Ова се случува откако Специјалното јавно обвинителство го сослуша Рибарев за предистражната постапка дали бил злоупотребен АКМИС – системот за електронско распоредување на судските предмети.

По дадената оставка на 25.10 оваа година, Рибарев се враќа на старата функција судија во Врховен суд.

Судскиот совет на денеска одлучува за нов претседател на Кривичниот суд.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он