Конкурс за стипендии за студии на универзитeти рангирани на Шангајската листа

Од:

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за македонски државјани кои во академската 2019/2020 година ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на универзитет кој e на последната објавена ранг-листа на Центарот за универзитети од светска класа при универзитететот Џио Тонг од Шангај.

Стипендиите се доделуваат ако кандидатот е запишан на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектура, градежништво, математика, меѓународно право, економија и финансии, физика, биологија, хемија и генетика.

За сите три цилуси на студии (додипломски, постдипломски и докторски) на корисникот на стипендија му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 американски долари годишно. Секој повисок износ за уписнина од наведениот е на товар на студентот. Избраниот кандидат ќе добие и еден повратен авионски билет, а месечната стипендија се исплаќа согласно со Решението за утврдување на начинот на пресметка на трошоците за месечна стипендија на студенти кои студираат во странство за 2019/2020, врз основа на Листата на индекси на цени за животни трошоци на Обединетите нации.

Рокот за пријавување на кандидатите е до 15 септември 2019 година. Документите треба да се достават на адреса на Министерството за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, со назнака: стипендии за академски студии од прв (односно втор или трет) циклус во странство.

Во трите конкурси, кои се објавени на веб-страницата на МОН, наведени се потребните документи и критериумите за избор на кандидатите за стипендија, како и обврските што тие ќе ги имаат кон државата по завршувањето на студиите во странство.

Би можело да ве интересира

Учениците ќе губат часови поради изборите: На 23 април и 7 мај училиштата ќе работат до 11 часот

Орце Костов

Митева: Нови набавки во МОН за дигитални учебници без објавени наставни програми

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

Орце Костов