Конкурс за решенија за уредување плажи на Дојранско и на Преспанско Езеро

Од:

Министерството за транспорт и врски објави конкурси за изработка на идејно архитектонско – урбанистички решенија за уредување плажи на Дојранското и на Преспанското Езеро. Се бараат решенија за уредување 500 метри плажа на Дојранско Езеро во централното градско подрачје и 100 метри плажа вон централното подрачје, како и за 500 метри плажа на Преспанско Езеро во населбата Стење и дополнителни 100 метри во населбата Сливница.

Од Министерството за транспорт информираат дека основно начело при изработка на архитектонското-идејно решение треба да преставува концептот на заштитата на природната средина и зачувување на автентичноста на обележја специфични за тој регион. Потребно е на плажите да има планирана песочна површина која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со пооставување клупи, фонтани, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали.

Сервисниот пункт треба да ги опфати шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити. Треба да биде обележан просторот за капење во езерото со бови заради заштита на капачите од пловни објекти и да се предвиди место за служба за спасување, а местото за седење на спасителот да се осмисли во духот на целата плажа, а на плажата треба да се предвидат места за информативни паноа, бежичен интернет и други погодности за забава и престој.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска