Конкурс за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS-мрежите за академската 2022/2023 година

Од:

Скопје, 15 декември 2021 (МИА) – Централноевропската програма за размена во областа на универзитетски студии – CEEPUS (Central European Exchange Program for University Studies) објавува конкурс за партиципација на високообразовните установи во мрежите на CEEPUS за академската 2022/2023 година.

CEEPUS мрежата ја сочинуваат најмалку три држави членки на CEEPUS-програмата, при што еден член ја има улогата на координатор на мрежата. Координаторите и партнерите на мрежите можат да бидат високообразовни установи и нивните придружни членки.

Програмата има цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар и соработка и развивање заеднички програми што води до заеднички дипломи (joint degree). Начнот на аплицирање е само електронски на www.ceepus.info а крајниот рок за аплицирање е 15 јануари 2022.

-Северна Македонија како потписник на Договорот помеѓу Албанија, Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска, Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии им овозможува на високообразовните институции да партиципираат, како координатори или партнери, во CEEPUS III универзитетските мрежи од различни области, соопшти Министерството за образование и наука на чија веб-страница е достапен линк за информации за начинот на пријавување.

Информации може да се добијат и во Националната CEEPUS канцеларија при Министерството за образование и наука, на контакт-телефон 02/3140185 или на електронската адреса: [email protected].

Би можело да ве интересира

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Студентското собрание бара дополнителните трошоци да не бидат на товар на студентите

Српското Обвинителство бара притвот за насилниците кои истепаа студенти

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Демонстрантите со жива музика се веселат во Автокоманда