Конкурс за наградата за медиуми „Жан Моне“ за 2014 година

Од:

Делегацијата на ЕУ го објави дванаесетиот по ред конкурс за наградата „Жан Моне“ која се доделува за најдобри достигнувања во медиумското покривање на теми поврзани со ЕУ и процесот на евроинтеграција на земјата.

Конкурсот се распишува за три натпреварувачки категории и тоа за најдобар новинарски напис  и за најдобра репортерска фотографија објавени во печатени медиуми и/или на интернет и конкурс за најдобра аматерска фотографија. Написите и фотографиите треба да бидат објавени во периодот меѓу 15 ноември 2013 година и 17 ноември 2014 година.

Сите прстигнати апликации ќе бидат разгледани од седумчлено жири. Наградата за најдобар напис и за фотографија се состои во статуетка и паричен износ од по 1000 евра, а за аматерска фотографија наградата е со парична вредност од 500 евра.

Рокот за доставување на апликации за наградата истекува во 14 часот на 17 ноември. Повеќе информации за условите за конкурирање за ова престижно признание се дадени на веб страницата на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март