Коњановски: За рурален развој во земјоделството ќе се инвестираат 725 милиони евра

Од:

Владата на Република Македонија преку Програмата за рурален развој во наредните пет години ќе инвестира 725 милиони евра директна помош во развојот на руралните средини.

Целта, како што истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, е обновување на механизацијата, отворање нови преработувачки капацитети, откупни центри и центри за чување на земјоделските производи, решавање на инфраструктурни проблеми во руралните средини, како и поддршка и развој на руралниот туризам.

– Со низата преземени законски мерки во изминатиот период, успеавме да ја подигнеме финансиската и кредитната способност на нашиот земјоделец, со што тој е подготвен за аплицирање и учество во искористување на финансиските фондови, нагласи Коњановски на работната сесија за договорно производство во Струмица.

Во делот на искористувањето на средствата од ИПА програмата и Програмата за рурален развој, попозната кај земјоделците 50-50, која воглавно се користи за обновување на машинскиот парк и отворање преработувачки капацитети, досега, според него, искористени се и целосно се реализирани над 2.500 барања.

– Со планираната динамика во рамките на Програмата за рурален развој овие средства од година во година ќе растат со што директно ќе влијаеме во економската моќ на фармерите, како и на облиците на кооперативно здружување, изјави Коњановски.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар