Коњановски: Реализиран е проект за компјутерско управување со земјоделското земјиште

Од:

„Пред шест години Владата постави јасна цел и политика, дека секоја педа македонска земја треба да биде обработлива. За тоа беа потребни ресурси, соодветна опрема и градење капацитети. Денес, планираното е реализирано, рече заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

Проектот ќе овозможи компјутерско управување со вкупно 230.000 хектари земјиште.

„Преку решенијата што ги нуди проектот подобро ќе се согледува секој договор склучен со корисниците на земјишни парцели. Ако пред само пет години беа потпишани 411 договори, денес бројката достигна 6.411. За секој од нив точно се знае кои површини ги опфаќаат, дали корисникот редовно ја плаќа закупнината“, рече Коњановски.

Проектот, чија финансиска конструкција изнесуваше 330.000 долари, овозможи и соодветно поврзување со Агенцијата за катастар, како и со Министерството за финансии, што овозможува уште поголем квалитет на следење на исполнувањето на договорите.

„Проектот е македонска приказна за успех. И достигнувањата се македонски. Македонците завршија макотрпна работа. ФАО е горда што е дел од сето ова. ИТ системот за управување со земјоделското земјиште е развиен и инсталиран“, рече Владимир Ефтимов од ФАО.

 

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар