Конгресен центар „Александар Македонски“: „Универзална сала“ се вика „Тоше Проески“

Од:

Советничката група на СДСМ и на коалицијата Сојуз за иднината во Град Скопје, за претстојната седница на Советот, поднесе иницијатива за промена на името на „Универзална сала“ во Конгресен центар „Тоше Проески“.

– Очекуваме градоначалникот Коце Трајановски и мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат иницијативата и да ја поправат сопствената грешка кога на нетранспарентен начин и спротивно на претходно донесената одлука на Советот и на ветувањата дека салата ќе се вика „Тоше Проески“, сепак дадоа согласност да се именува „Александар Македонски“ – рече на денешната прес-конференција Ѓорѓе Матевски, советник во Советот на Град Скопје.

Со реакција се јавија и од Конгресниот центар „Александар Македонски“, во која се вели дека во согласност со Одлуката на Советот на Град Скопје, а на предлог на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, „Универзална сала“ во Скопје е преименувана во Универзална сала „Тоше Проески“.
Новата зграда што ќе се гради на местото на сегашната „Универзална сала“, според проектот, е мултифункционален објект што ќе содржи повеќе сали и истиот објект ќе го носи името Конгресен центар „Александар Македонски“.
Сакаме да нагласиме дека универзалната сала што ќе биде дел од тој Конгресен центар ќе го задржи името Универзална сала „Тоше Проески“, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Универзална се уште е на Град Скопје, Арсовска не ја потпишува одлуката

A1on

Почна поставувањето на металната конструкција на фасадата на Универзална сала

Ана Ололовска

Реконструкцијата на Универзална сала ќе започне во мај

Искра Манојлоска

Трибина за иднината на Универзалната сала

Ана Ололовска

Советници од ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е како подвоена личност околу Универзалната сала

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Жугиќ: Ја руши ли Шилегов Универзална за да ја исполни квотата на зеленило за 50 нови згради кај Треска?

Ана Ололовска