Конференција за управување со отпад од пакување

Од:

Стопанската комора на Македонија денеска организира конференција на тема: „Управување со пакување и отпад од пакување – како до исполнување на националните цели?“.

– Цел на конференцијата е да ги идентификува состојбите, проблемите и предизвиците, како и да предложи мерки за сите чинители во процесот на управување со отпад од пакување за зголемување на стапките на рециклирање на отпад од пакување и достигнување на националните цели до 2020 година, соопшти Стопанската комора на Македонија.

На конференцијата ќе учествува и ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, а со свои презентации ќе учествуваат и претставници на колективни постапувачи со отпад од пакување од Белгија и Романија. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

Гори отпад од стари автомобили во Куманово

А1он

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ