Конференција за „Справување со причините за миграција на младите во Македонија“

Од:

 Со поголемо вклучување на младите во општеството и нивно ангажирање во сите сфери на живеење да дојде до задржување на следните генерации во земјата, порачаа учесниците на денешната конференција „Справување со причините за миграција на младите во Македонија“, организирана од фондацијата „Фридрих Еберт“.

На отворањето, Нита Старова од фондацијата „Фридрих Еберт“ истакна дека конференцијата е резултат на „Студијата за млади во Македонија“ спроведена во 2013 година, која е дел од регионален проект на компаративна студија реализирана во седумте земји од поранешна Југославија (Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Словенија), како и Романија, Бугарија и Албанија, издадена на почетокот на 2015 година.

Студијата за млади во Македонија е спроведена од Институтот за социолошки и политичко – правни испитувања (ИСППИ) на група испитаници меѓу 15 и 29 години и дава претстава за нивната самоперцепција, проблемите и нивното гледиште за општествените случувања, како и за нивниот менталитет, ориентираност во светот, политички преференци и идни перспективи на младите генерации во земјата.

Според раководителот на научно истражувачкиот тим на ИСППИ Марија Топузовска Латковиќ, резултатите од студијата покажуваат пад на ентузијазмот на младите.

Како главни причини за заминување на младите ги посочи финансиските, можностите за вработување, условите за живеење и студирање и потрагата по повисок животен стандард. 
Резултатите од истражувањето покажуваат дека според профилот младите луѓе кои планираат да ја напуштат земјата во голема мера потекнуваат од урбаните места на живеење и припаѓаат на помалите возрасни група од 15 до 19 и од 20 до 25 години, а како најпосакувана дестинација ги посочуваат земјите од Западна Европа и САД.

Професорот на Економски факултет при УКИМ Љупчо Ефтимов смета дека миграцијата е многу комплексен процес, за што требаат комплексни решенија и спроведување на стратегијата за спречување на одливот на млади лица во Македонија од 2013 до 2020 година.

Би можело да ве интересира

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица