Конференција за правосудните органи за спречување корупција

Од:

Конференција на тема „Препораките од 4-от круг на оценка на ГРЕКО Комитетот спрема Република Македонија – компаративни искуства и најнови механизми за спречување на корупција” ќе се одржи денеска и утре во Охрид.

Конференцијата е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” и Државната комисија за спречување корупција, во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ).

На форумот ќе присуствуваат членови на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители на Република Македонија, судии на Врховниот суд на Република Македонија, јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија, судии на апелационите судови и основните судови со проширена надлежност, јавни обвинители на Основното јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вишите јавни обвинителства и основните јавни обвинителства со проширена надлежност, како и претставници на други релевантни институции.

Со воведно обраќање до присутните конференцијата ќе ја отворат Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” и шеф на Делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО Комитетот, која во рамки на Конференцијата ќе има и свое излагање посветено на Препораките од 4. круг на ГРЕКО спрема Република Македојнија, Марко Зврлевски, јавен обвинител на Република Македонија и Марк Ласер, виш правен советник на ИНЛ програмата, Амбасада на САД во Скопје.

На Конференцијата излагања поврзани со темата ќе имаат и Лоренс Винтроп, судија на Апелационен суд на Аризона, САД и потпретседател на Комисијата за етика на судиите на Аризона, Дејвид Грис, федерален јавен обвинител од САД и резидентент правен советник за борба против корупција на Програмата ОПДАТ во Албанија, Амбасада на САД во Тирана, Марин Мрчела, судија на Врховниот суд на Република Хрватска и претседател на ГРЕКО и Ѓорги Сламков, претседател на Државната комисија за спречување на корупција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он