Конференција „Општини без отпад” во Штип

Од:

Конференција насловена „Општини без отпад” ќе се одржи денеска во Штип во организација на Граѓанското здружение „Зелен Институт“ од Скопје, Демократската обнова на Македонија и „Биро де Хелинг“ од Холандија.

На еднодневниот форум предвидени се два панела со учество на претставници од општините од Министерството за животна средина и просторно планирање и експерти од областа.

На првиот панел со наслов „Предизвици за справување со отпадот во општините“ воведни обраќања на конференцијата ќе имаат Благој Бочварски, градоначалник на Општина Штип, Лилјана Поповска пратеничка и претседателка на ДОМ и Наташа Амдију претседателка на „Зелен институт”.

„Како до општини без отпад?“ е насловот на вториот панел, кој ќе се одвива во четири групи, а една од нив ќе дебатира за избор на локација за регионална санитарна депонија.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници