Конференција „Фемициди – убиства на жени заради тоа што се жени“

Од:

Конференција на тема „Фемициди – убиства на жени заради тоа што се жени“ ќе се одржи денеска во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Главен говорник на конференцијата ќе биде Шалва Веил, професорка на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим и позната истражувачка и гласноговорничка на темите насилство врз жени и убиство на жени – фемициди.

Таа се залага фемицидите да бидат третирани како социолошки факт, на кој е потребно да се посвети доволно внимание и да се надминат предизвиците во нивното истражување.

Покрај професорката Веил, на конференцијата ќе говорат и други чинители од државните институции и невладиниот сектор кои се засегнати со тематиката на насилство врз жени и убиства на жени.

Би можело да ве интересира

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Притвор за тетовец кој ги тепал сопругата и ќерката и се заканувал дека ќе ги запали

A1on

Двајца синови осомничени за семејно насилство врз своите мајки

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Кривична пријава за таткото на Меланија за семејно насилство

Таткото на Меланија која бараше помош на социјалните мрежи ќе биде сместен во болницата во Демир Хисар

Катерина Ѓуровски