– Во организација на Факултетот за безбедност-Скопје денеска ќе се одржи научно-стручна конференција „40 години високо образование од областа на безбедноста (концепти и практики)“ на која ќе учествуваат професори и стручни лица од Македонија и регионот.
Конференцијата ќе ја отворат деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски и проректорот за финансии на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола проф. д-р Светлана Николовска.