Конференција: 4 сезони екотуризам во охридскиот регион

Од:

Во недела, на 10 јуни, во Охрид ќе се одржи конференција насловена: 4 Сезони екотуризам во охридскиот регион, во организација на Зелениот институт, ДОМ и холандската фондација Биро де Хелинг. Акцентот ќе биде на екотуризмот, што значи развој на алтернативни форми на туризам со строга заштита на животната средина, за да се задржи статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО за Охридскиот регион.

На конференцијата ќе се дискутира за збогатување на понудата, од планинарење, планински велосипедизам и параглајдинг, преку водено поврзување на сите места покрај Охридското езеро со еко-превоз, се до култура, традиција и автентична локална храна. Целта е во Охридскиот регион да се иницираат и поддржат атрактивни настани и активности кои ќе ги привлечат домашните и странските туристи, но и да се обезбеди туристичка понуда конкурентна со онаа во регионот.

Модератор на настанот е Maja Морачанин, пратеничка од ДОМ и координаторка на неформалната парламентарна група “Пратеници-пријатели на УНЕСКО”. Ќе говорат: Наташа Амдиу, претседателка на Зелениот институт, Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Ана Петровска, државен секретар за животна средина во Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од Факултетот за туризам и од институции на државно и локално ниво, како и стакнати туристички работници со долгогодишно искуство.

Конференцијата ќе се одржи во Хотел „Милениум Палас“, со почеток од 11 часот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски