(ВИДЕО) Конфедерација на синдикати: Не треба метла, за оваа држава треба чекан за целосен ремонт

Од:

Со дваесетина возила и скромна бројка на луѓе, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија го почна првомајскиот марш од пред МТВ до Влада.

Претседателот на Конфедерацијата, Марјан Ристески, рече дека на дешниот протест излезено е членството од Скопје, Тетово и Куманово. Целта им е пред Владата каде очекуваат средба со премиерот Зоран Заев и Социјално економскиот совет.

Тој додаде дека на овој протест не се обединиле со Сојузот на синдикати бидејќи со нив не било можно да се постигне договор.

„Ние како синдикална организација во онаа висока зграда немаме ниту една просторија. Се чека по три години за еден работник да се испише од еден синдикат“, рече Ристески и најави дека ќе се спојат пред Владата и ќе се залагаат за работничките права.

Претседателот на независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев рече дека не треба метлата на Заев, туку за оваа држава треба чекан за целосен ремонт.

Тој побара 20 проценти поголема плата за полицајците, и тоа, не само за редовната полиција туку и за шумската, и судската полиција.

Само во март, вели Тодев, 9 полицајци ја напуштиле Македонија.

Меѓу барањата на синдикалците се достоинствено вреднување на трудот на работниците, исплата на годишен регрес во државниот сектор, измена на Законот за работен однос, либерализација на синдикалното делување, почитување на репрезентативноста на Независните синдикати.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Улични војни“ во светските градови: Протестите ескалираа, полицијата употреби сила

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

“Сакам да работам“ со честитка за 1 мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај