За настаните од 27 април треба да одговараат вистинските виновници кои направија пуч и на нелегален начин избраа претседател на Собранието, изјави поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред судот.
Тој додаде дека правото на протест е легитимно и дека денеска пред судот се протестира против режимските одлуки на владата за апсење на македонски патриоти кои дури и биле одбележани како терористи, додека вистинските терористи се пуштале на слобода.
Протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Судот, можете да го гледате во живо на А1он.