ВИДЕО: По рајска градина, Коневски со 2 милиони евра за тениски терени

Од:

Наместо конкретни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух кој е особено изразен во населбата Лисиче каде ПМ10 и ПМ 2.5 честичките се далеку над дозволената граница, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, гради тениски терени вредни 2 милиони евра.

Градоначалникот Коневски за 7 години владеење не најде решение за загадениот воздух и наместо да инвестира во мерки кои ќе го решат овој проблем, тој инвестира во секакви проекти меѓу кои е и проектот „Рајска градина“ кој наиде на остри критики од страна на граѓанскиот сектор и за кој Коневски одвои 14 милиони евра од буџетот на општината.

Како инвеститор на овие тениски терени се јавува Сергеј Самсоненко за кој се шпекулира дека е продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ која инвестира во спортот во Македонија и покрај тоа што, како што вели самиот Самсоненко, нема никаков бизнис интерес во овие спортски инвестиции.

Тениските терени ќе биде изградени непосредно до хотелот Русија, кој е во сопственост на бизнисменот Самсоненко, и спортскиот центар „Јане Сандански“ кој е исто така инвестиран од страна на рускиот олигарх.

На потпишувањето на овој договор помеѓу Општина Аеродром и приватната фирма која ќе го гради овој тениски комплекс присуствуваше и Министерот за финансии, Кирил Миноски кој рече дека оваа инвестиција ќе допринесе за зголемување на локалниот економски развој.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски