Коневски до Мицкоски: Зошто одбиваш достоинствено да си заминеш од функцијата кога и сам знаеш дека времето е дојдено?

Од:

Поранешниот градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски упати отворено писмо до актуелниот лидер на опозициската партија, Христијан Мицкоски.

Писмото го пренесуваме во целост.

„Сѐ уште актуелен претседателе на ВМРО-ДПМНЕ, зошто одбиваш достоинствено да си заминеш од функцијата кога и сам знаеш дека времето е дојдено? Зошто упорно продолжуваш да се срамиш себеси упатувајќи навреди и клевети кон луѓето кои бараат твоја оставка?

Зошто се криеш зад партијата и постојано повторуваш дека е тоа напад врз ВМРО-ДПМНЕ?

Немаш право бесрамно да користиш ниски навреди и вулгарни зборови за луѓе кои животот го посветиле на ВМРО-ДПМНЕ, кои создале толку многу работејќи за државата и кои немаат ни најмала црна дамка во кариерите.

Ти не си ВМРО-ДПМНЕ и едноставно не можеш да се поистоветуваш со партијата. Погледни го својот рејтинг, тој е дупло понизок од оној на самата партија.

Сѐ уште актуелен претседателе, барањето вонреден конгрес за избор на нов лидер е нормална работа во секоја демократска партија.

После сите изречени навреди, падна маската на универзитетскиот професор и се појави еден неморален човек кој некогаш повторно ќе застане пред своите студенти. Но, со кое лице? Повеќе од очигледно е дека твојата титула си ја добил преку непотизам, токму она против кое се бореше Владата водена од ВМРО-ДПМНЕ и донесе Закон за во иднина да не се случуваат вакви грешки, како што, за жал, си ти.

Биди сигурен дека вонреден конгрес ќе има и тоа со огромна поддршка од делегатите кои во 2017 година тебе те направија претседател на партијата.

Имај барем за крај доблест и свикај го сам вонредниот конгрес за да се поштеди партијата од поделби, застани пред делегатите со крената глава, заблагодари им се за довербата што ти ја укажаа и обиди се да го подобриш впечатокот за тебе во нивните очи.
Тие се ВМРО-ДПМНЕ, а не ти!“

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата