(ВИДЕО) Кондарко: Сите знаеме што се случуваше на гласањето во Центар

Од:

Првиот од 66-те приговори на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар не е изгласан. Трае „жешка“ расправата за приговорот за избирачкото место 2844.

Овластениот предлагач на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Илијовски посочи дека е забележано агитирање од страна на СДСМ, дека не е повикана полицијата за да ги отстрани лицата и дека на избирачите не им било дозволено да гласаат и им биле барани документи за идентификација. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко праша кои се тие лица и кој вршел притисок.

„Во записникот не пишува дека некој вршел притисок ниту на кого вршел притисок. Ова е вербална и паушална забелешка. Полицијата била во кругот на училиштето. Не знам што има ВМРО-ДПМНЕ против присуството на полицијата“, рече Кондарко.

Илијовски посочи дека отпосле било утврдено дека лицето е Ненад Шиповиќ, на што Кондарко забелжа дека ова изгледа „како после свадба, тапани“.

Жестока дебата имаше меѓу Кондарко и членот на ДИК, Сајковски.

Кондарко рече дека сите знаат што се случувало во Центар и праша дали е грев на претставниците што откриле дека нешто не е во ред и праша дали сака ВМРО-ДПМНЕ нешто да стави под тепих.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е навреден, а Сајковски и Кондарко за кратко ја напуштија седницата и со неа продолжи да раководи Супхи Јакупи.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања