Комунална хигиена Скопје: Осуда за вербалниот напад врз новинарката на Мета, ќе се поведе соодветна дисциплинска постапка

Од:

Граѓаните на градот Скопје имаат право да бидат целосно и транспарентно информирани за активностите на градската администрација. Во таа смисла, најостро го осудуваме вербалниот напад врз новинарката на новинската агенција „Мета” која си ги извршувала своите обврски, велат од ЈП Комунална хигиена Скопје.

– Против вработените, ЈП Комунална хигиена Скопје ќе поведе соодветна дисциплинска постапка. Ги охрабруваме сите медиуми и јавноста будно да ја следат работата на ЈП Комунална хигиена Скопје. Нашето претпријатие за сите прашања останува отворено и транспарентно, додаваат од ЈП Комунална хигиена Скопје.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е работник на „Комунална хигиена Скопје“

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

Орце Костов

ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна 1130 тони отпад во текот на изминатите два дена

Советниците на СДСМ бараат вклучување на сите јавни претпријатија за решавање на проблемот со сметот

ЗНМ со претставка до МВР заради непрофесионален однос кон новинар од Порталб.мк

Градоначалниците на скопските општини се инфлуенсери: Арсовска им порача да си ги исчистат прво своите населби

Орце Костов