Комитетот за управување со кризи расправаше за невремето во Тетовско

Од:

Состојбите по невремето во Тетовско, како и мерките што треба да бидат преземени за надминување последиците биле тема на синоќешната прва седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи со која претседавал раководителот на овој комитет, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба, било заклучено Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со Општина Тетово и регионалниот штаб за управување со кризи, веднаш да преземе активности за санација и расчистување на теренот зафатен од силното невреме во Тетовско.

Исто така, Министерството за транспорт и врски било задолжено, веднаш, во текот на оваа вечер да закаже итен координативен состанок со сите надлежни институции под негова надлежност, со цел да се направи детален акциски план со работни активности по институции, согласно расположливите ресурси од институциите, во насока на расчистување на теренот зафатен од силното невреме во Тетовско, со посебен акцент на двата паднати моста.

Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за транспорт и врски и доколку е потребно да се ангажира механизација од Армијата на Република Македонија, да преземат активности со цел нормализирање на состојбите во погодениот регион од силното невреме.

Било заклучено и дека општина Тетово, во соработка со соседните општини, веднаш треба да обезбеди механизација и искористување на ресурси и механизација во насока на расчистување на теренот зафатен од силното невреме во Тетовско и нормализирање на состојбите во погоденото подрачје.

Би можело да ве интересира

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски

Тетовчанец и се закануваше на партнерката: „Дај ми пари, или ќе ти го убијам синот“

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он