Комисијата засилена со Груевски и Заев

Од:

Денеска нов обид да се деблокира работата на Комисијата за расчистување на собраниските инциденти од 24 декември.
Во Клубот на пратениците, најверојатно тимовите ќе ги засилат и премиерот Никола Груевски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Состанокот следи по вчерашната средба Груевски – Заев, на која е договорен „последен напор” за откочување на работата на Комисијата.

По вчерашната средба во Владата, немаше изјави. Во заедничкото усогласено и официјалното соопштение стои дека двајцата лидери ќе ги вложат последни напори за откочување на процесот, да се донесе конечно решение околу извештајот на Комисијата како последен обид за постигнување на договор.

„Во периодот што следува да се вложат последни напори за откочување на процесот, негово интензивирање и донесување на конечно решение околу извештајот на комисијата, како последен обид за постигнување на договор, чие евентуално недонесување ги загрозува европските перспективи на Република Македонија“,се вели во заедничкото соопштение.

Според извори на А1он, доколку не се постигне договор и не се изгласа усогласен извештај, се отвора вратата за предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

Орце Костов

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ги спаси сендвичот од детето-семејство на одмор нападнато од слон

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Прозорец од 21 кат падна врз мајка и бебе во количка

Предраг Петровиќ