Комисијата за заразни болести размислува за задолжителен ПЦР тест и за оние кои транзитираат низ земјава

Од:

„Ниту еден од патниците којшто бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство финско и македонско не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест. Тоа што сега го чекаме после контактот кое нашето МНР го направи со амбасадата во Стокхолм – која амбасада ја покрива и Финска е листата со имиња – 24 патници кај коишто било констатирано присуството на вирусот, заради тоа што во авионот имало и други државјани, имало државјани на Косово кои во нашата земја може да транзитираат без тест. Не само тие државјани на Косово, туку било кои други. Ова е еден мотив повеќе на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести дискутираме дали евентуално и за граѓаните од соседните земји кои транзитираат треба да бараме ПЦР тестови“, потенцираше министерот Филипче.

На прашањето како лицата воопшто се качиле на летот, но и какви се процедурите, министерот Филипче истакна дека доколку некој има решение за изолација, а во овој случај немало, тогаш одговорно е Министерството за внатрешни работи за да се спроведува таа контрола.

„Меѓутоа тоа не е очигледно сценарио, не знаеме сè уште доволно податоци. Повторно ќе кажам прво дали се наши и фински државјани со 2 пасоши, со двојно државјанство граѓани или станува збор за државјани на Косово. Кога ќе ги имаме овие информации, се надевам во текот на денот можеме да ја имаме целосната слика за тоа што се случило“, рече министерот Филипче.

Во однос на новинарското прашање каква е процедурата и дали се потребни тестови за лицата кои транзитираат низ земјава, министерот Филипче информираше дека секој може да транзитира. Има ограничен број на часови за влез и излез од земјава и затоа засега не е потребен ПЦР тест, но посочи дека на утрешниот состанок ќе се дискутира повторно ова прашање.

„Оние работи коишто ги истражувавме денеска укажаа на тоа дека многу наши граѓани кои имаат и друго државјанство брзале да се вратат за да не ги изгубат своите работни места, па во земјите во коишто влегуваат, влегуваат со тамошните пасоши. Има многу можности за да вакви работи, да кажам, провлечат. Затоа, ќе разговараме утре и за транзитните ПЦР тестови, но сепак би ја почекале дефинитивната листа на 24 имиња, заради тоа што е суштински различно дали станува збор за наши државјани или државјани на Косово“, рече министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он