Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“

Од:

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.

-Во информацијата покрај другото треба да се опфатат и следните елементи – кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти. Потоа дали и која институција ги штити граѓаните од злоупотреба на овие системи, рече Трајанов на седницата.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на можното користење на софтверите, во април упатиле пратеничко прашање на што добиле одговор дека не е регистрирана употреба на софтверите од страна на институциите.

– После ставањето на фирмата која го произвела софтверот на црната листа, САД и кажуваат на земјава дека тоа претставува закана за националната безбедност, меѓутоа ЈО на РМ се произнесува за ненадлежно. Практично, за некои странски држави производството на овој софтвер во нашата држава е закана за националната безбедност, а за нас очигледно дека нашите институции сметаат дека тоа не е. Тоа укажува на фактот дека свесно се употребува тој софтвер и се бега од вистината или пак несвесно се употребува, а институциите не се свесни дека таков софтвер имаме и дека нема капацитет за проследување на ваквите закани, рече Ковачки.

Се очекува во Информацијата да биде дадена и оценка за казнените мерки, односно дали тие обезбедуваат превенција или треба зголемување на казните при злоупотреба на системите.

Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, МВР, но и военото разузнавање и други институции, овие информации треба да ги достават до Комисијата за надзор над работата на АНБ И АР најдоцна до 18 август годинава.

Би можело да ве интересира

Собрание: Привременото одложување на активностите беше гест на почит кон трагедијата во Кочани

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Собранието консензуално одлучи да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица

Горан Наумовски

Левица: Собранието е на платен одмор додека народот бара одговори

Собраниската комисија за социјална политика останува блокирана, седницата треба да продолжи по паузата

Српскиот парламент затворен од безбедносни причини

Власта се обидува да ја одблокира Комисијата за социјална политика за да ги истурка измените на Законот за пензиско осигурување