А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Комисијата за европски прашања во официјална посета на Софија

by А1он18/04/2018 - 16:10122
Share0

На покана на претседателот на Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови во Народното собрание на Република Бугарија, г. Кристијан Вигенин, делегација од Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања и членовите ќе престојуваат во официјална посета на Софија, од 18 до 19 април 2018 година.

Добивај вести на вибер

Во Делегацијата учествуваат и г-ѓа Јулиана Николова, г-ѓа Татјана Прентовиќ и г. Трајчо Димков, членови на Комисијата.

Делегацијата ќе има средби со заменик-претседателката на Владата на Република Бугарија за правосудна реформа и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, г-ѓа Екатерина Захариева; министерката за бугарското претседателство со Советот на ЕУ, г-ѓа Лилиана Павлова; потпретседателот на Народното собрание на Република Бугарија, г-дин Емил Христов и г-ѓа Џема Грозданова, претседател на Комисијата за надворешна политика; претседателот г. Борис Вангелов и членовите на Групата за пријателство Бугарија-Македонија; како и со домаќините на партнерската Комисија предводена од г. Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови во Народното собрание на Република Бугарија.

Посетата се реализира по објавувањето на Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2017 година и во светло на претседавањето на Република Бугарија со Советот на Европската Унија.

bugarijasobranie

Би можело да ве интересира

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 09:24

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 14:38

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 17:17

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто