Комисијата за избори и именувања едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет“.
„Без дискусија едногласно е усвоен предлогот Катица Јанева да биде разрешена за несовесно и нестручно раководење со Специјалното јавно обвинителство“, рече претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски по завршувањето на седницата.
Залучокот на Комисијата ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, а тој треба да свика пленарна седница за разрешувањето на Јанева, за што нема рок, но Димовски вели дека очекува Џафери да постапи разумно.