Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се преземаат мерки за големата кашлица

Од:

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека повторно се доцни со превентивните мерки за заштита на граѓаните, а особено децата, од големата кашлица. Според нив, повторно се поставуваат прашања дали инфективните одделенија низ Македонија се подготвени за ескалација на состојбата.

Во продолжение го пренесуваме обраќањето на комисијата за здравство, објавено на нивната страница на Фејсбук:

НЕ СЕ ПРЕЗЕМААТ МЕРКИ ЗА ГОЛЕМАТА КАШЛИЦА – ИМА ПОЛИТИЧКИ ИГРИ КОИ СЕ ПОВАЖНИ ОД ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ

Ковид пандемијата не беше доволна лекција за неспособната власт на СДС и ДУИ која и денес не води сметка за грижата за специјалистичкиот кадар

И денес во Македонија има сериозен недостиг на инфектолози и епидемиолози. И понатаму е мал бројот на овие специјалности

Оттука сосема легитимно се поставуваат прашањата:

1. Дали Клиниката за инфективни болести во Скопје и сите инфективни одделенија ширум државата се подготвени за нова евентуална епидемија?

2. Колку доктори се упатени за специјализација во овие специјалности во последниве неколку години?

3. Зошто не се инвестира ниту во кадарот на вакциналните пунктови, во поликлиниките и генерално кадарот што работи на превентивна здравствена заштита?

Власта единствено затвори одделенија за инфективни болести, а во оние што функционираат ништо или недоволно е инвестирано.

Додека надлежните институции кои навремено не ги преземаа потребните мерки се во длабок зимски сон и без системски мерки и во оваа прилика упатуваме апел до родителите да ги вакцинираат своите деца, зашто вакцините се безбедни и спасуваат животи.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски