Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории

Од:

Седумчлена комисија од Општина Центар добила задача да направи увид и записник за штетите предизвикани од невремето од пред две недели во Скопје. Најголеми штети дождот и градот предизвикаа во Центар. Граѓаните пријавуваа дека летаат покриви, дрвја паѓаат врз возила и прават штети, а водата од улиците ги поплавува приземните делови на објектите.

„Веќе е формирана комисија од страна на градоначалникот која е во состав од четворица советници од Советот на Општината и тројца вработени во општинската администрација. Комисијата е потребно да направи административна селекција на пристигнатите барања, увид на штетата и записник за затекнатата состојба, после гореспоменатите планирани активности а согласно позитивните законски норми, барањата со направени записници и констатирани штети, ќе бидат доставени за понатамошни одлуки од страна на Советот на Општина Центар“, велат од Општина Центар.

Општинарите добиле педесетина барања за надомест на штети.

„До Општина Центар преку телефонскиот број за итни случаи (112) се пристигнати околу 30-тина барања за пријави и проценки на штети и 15-тина барања преку архивата на општината. Дел од барањата се исти, пријавени преку телефонски број 112 и доставени преку архивата. Голем процент од барањата се за исти станбени згради, пријави доставени од повеќе соседи за проблеми со оштетување на покривна конструкција, поплавени индивидуални семејни  куќи, паднати ѕидови, дел се за оштетени возила од дрва, поплавени гаражи и подрумски простории“, велат од Центар.

Невремето од 30 август поплави делови од Скопје, го закочи сообраќајот, а на листата од поплавени објекти се најде и најновиот трговски центар „Ист гејт“.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски