Коментарите ви се неаргументирани и паушални – судиите му одговорија на Мицкоски

Од:

Господине Премиер, Веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е добронамерна само кога се даваат конкретни забелешки и конкретни предлози за решавање на проблемите. Неаргументирана критика е покажување на намера ништо да не се преземе за подобрување на состојбите, туку севкупната општествена апатија да се префрли како вина на судиите, се вели во писмото од Судски совет, Врховен суд и Здружението на судии до премиерот Христијан Мицкоски.

– Судскиот систем никогаш не генерирал долгови, па оттаму нејасно е каква е поврзаноста на судството со државниот долг од две милијарди евра, кој недвосмислено е последица на постојаното задолжување на извршната власт, во минатото и сега. Сосема спротивно, токму судовите, преку наплата на паушали и парични казни, со години наназад ја полнат државната каса, а за возврат не добиваат никаков поврат од Буџетот, во смисла на нови вработувања, дигитализација на услугите, опремување на судниците и сл.

Последниот извештај на ЕК, јасно нагласува дека најголемиот проблем во судството е независноста на судиите, која е поткопана од постојано мешање на извршната и законодавната власт. Како круцијален проблем е истакната и финансиската зависност на судството од државниот буџет, а во оваа смисла платите на судиите се само еден сегмент од финансиската независност. Ова се проблеми кои државата мора да ги поправи, бидејќи истите се суштински за Европската перспектива на земјата.

Со Вашите досегашни коментари го нарушувате демократскиот принцип конципиран на рамноправност на трите власти, судската, законодавната и извршна. Судската власт е уставна категорија, а Уставот и независноста на судската власт треба да се почитуваат, пишуваат судии во обраќањето до премиерот.

Вчера, Мицкосски рече дека нема намера да прави реформи во правосудниот систем кои се однесувале само на покачување на платите на судиите и обвинителите. Тој рече дури и дека ќе ја дадел неговата плата, ама судиите да суделе правично.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Нема кворум – Судскиот совет ја одложи седницата

Горан Наумовски